Со искуства од Естонија ќе се намалува стапката на невработеност
Со искуства од Естонија ќе се намалува стапката на невработеност во Охрид и Македонија.Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во соработка со НВО Советодавен Центар од Естонија и НВО Еднаков Пристап го започнаа проектот „Зголемување на понудата на квалификувана работна сила меѓу ризични групи на пазарот на трудот“.
150 невработени лица од градов ќе се советуваат како да ги зајакнат вештините за да можат да си најдат вработување Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во соработка со НВО Советодавен Центар од Естонија и НВО Еднаков Пристап го започнаа проектот „Зголемување на понудата на квалификувана работна сила меѓу ризични групи на пазарот на трудот“. Целта на проектот е зголемена вклученост на лицата кои се во најслаба позиција на пазарот на трудот преку зајакнување на вработливоста на социјално исклучените лица. ЗА то че се користат искуствата од Естонија.
Естонија и Македонија можат да се споредуваат во однос на невработеноста за време на нивнат финансиска криза. Моментално стапката на невработеност во Естонија се намалува но нашето искуство кога бевме во најкритичниот период ќе го споделиме со вас за да се примени и тука и да се надмини ваквата ситуација во државава, вели проектниот менаџер, Танел Матлик.
Во рамки на проектот ќе се изработат програми за обука за невработени и социјално исклучени лица сo цел олеснување на нивниот пристап на пазарот на трудот.
Ќе се применат мерките на принцип на индивидуални акциски планови . Секое лице ќе ги помине обуките и ќе се направи индивидуален акциски план . Вакви мерки во Естонија се применуваат од 2010 год. И од стапката на невработени која е се помала може да се заклучи дека вродија со плод, вели Матлик
Проектот е финансиран од ИПА инструментот на Европската Унија програма за “Зајакнување на социјалната инклузија”. Одржувањето на обуките започнува од месец август.