Германецот Нико Розберг во Мерцедес, кој стартуваше од пол-позицијата е победник на Големата награда на Кина која се возеше утрово во Шангај. Тој триумфираше пред сонародникот Себастијан Фетел во Ферари и Русинот Даниел Квајт во Ред Бул.
На Розберг ова му е 17 победа во Формула1 и шеста во низа од крајот на 2015 година, а воедно трета во оваа сезона од исто толку трки.
Вицепрвакот трката ја заврши со 37 секунди пред второпласираниот Фетел. Сега Розберг во генералниот пласман има 36 бодови повеќе пред клупскиот колега Британецот Луис Хамилтон кој трката ја заврши како седми.
Резултатите на Големата награда на Кина:
1. Nico Rosberg (Njem/Mercedes)
2. Sebastian Vettel (Njem/Ferrari)
3. Daniil Kvyat (Rus/Red Bull-TAG Heuer)
4. Daniel Ricciardo (Aus/Red Bull-TAG Heuer)
5. Kimi Räikkönen (Fin/Ferrari)
6. Felipe Massa (Bra/Williams-Mercedes)
7. Lewis Hamilton (VBr/Mercedes)
8. Max Verstappen (Niz/Toro Rosso-Ferrari)
9. Carlos Sainz Jr (Špa/Toro Rosso-Ferrari)
10. Valtteri Bottas (Fin/Williams-Mercedes)
Генерален пласман на возачите:
1. Nico Rosberg 75 pts
2. Lewis Hamilton 39
3. Daniel Ricciardo 36
4. Sebastian Vettel 33
5. Kimi Räikkönen 28
6. Felipe Massa 22
7. Daniil Kvyat 21
8. Romain Grosjean 18
9. Max Verstappen 13
10. Valtteri Bottas 7