Сеизмичка катастрофа во Еквадор
Во Еквадор во тек се спасувачките операции за извлекување на заробените под урнатините, откако јужноамериканската држава беше погодена од најсилниот земјотрес во последните неколку децении, при што загинаа над 200 луѓе, а стотици се повредени.
Во Еквадор во тек се спасувачките операции за извлекување на заробените под урнатините, откако јужноамериканската држава беше погодена од најсилниот земјотрес во последните неколку децении, при што загинаа над 200 луѓе, а стотици се повредени.
Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени удри во близина на еквадорскиот пацифички брег, 170 километри северозападно од престолнината Кито, предизвикувајќи смрт и уништување во Манта, Портовиехо, Педерналес, Гајакил и други крајбрежни градови и села.
Бројката на загинати се искачи на 233, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа. „Целата земја е мобилизирана. Му благодариме на целиот свет за солидарноста“, напиша тој на Твитер.
Над 1.500 луѓе биле повредени во земјотресот, јавија еквадорските власти.
Кореа, кој ја прекина својата посета на Рим и се врати во Еквадор, прогласи вонредна состојба во шест провинции.
„Главниот приоритет е да се спасат луѓето заробени под урнатините. Сѐ друго може да се изгради, но животите не можат да се вратат, и тоа е тоа што најмногу боли“, кажа еквадорскиот претседател.
„Сѐ уште има луѓе заробени на различни места и спасувачките акции се во тек“, соопшти еквадорскиот потпретседател Хорхе Глас, пренесува Ројтерс. „Најважно е Еквадорците да останат смирени за време на вонредната состојба.
Околу 10.000 војници и 4.600 полицајци се ангажирани да им помагаат на спасувачите. Венецуела, Мексико и Чиле испратија екипи и намирници во Еквадор како дел од меѓународната помош.