На градските улици во сливниците има најразновиден отпад
На градските улици во сливниците има најразновиден отпад
Граѓанската некултура на поединци е видлива и по преполнетите улични сливници со најразличен отпад. Службите на ЈП Нискоградба скоро секојдневно се справуваат со расчистување на најразновиден отпад кој не завршува само во градската канализација туку и во сливниците за одведување на атмосферска вода, напоменува портпаролот на општината Томе Џамтоски.
„ Претпоставувам дека најмногу треба да се чистат од паднати лисја , но за жал не е секогаш така.Во сливниците се наоѓаат најразлични отпадоци и смет на кој местото не им е тука, а треба да се одлага во контејнерите,“ укажува портпаролот на општината Томе Џамтоски.
Портпаролот Џамтоски информира дека ЈП Нискоградба редовно ги одржуваат сливниците според нивна работна програма. Увредува дека според та апрограма фрекфенцијата на чистење на секоја улица е еднаш на три недели.ВО вонредни периоди се чистат и почесто, кажува Џамтоски.
„Граѓаните во оделни периоди ќе забележат дека после поголеми дождови кај сливниците се собира смет, ѓубре , лијса.Но, од ЈП Нискоградба ме уверуваат , а нема причина да не веруваме, дека според нивната програма редовно ги чистат сите улични сливници во градот“, вели Џамтоски.
На пооделни делови од градските улици постојат кризни точки со одведување на атмосферската вода посебни при обилни дождови. Но тие критичните точки на поодделни улици постојано етапно се решаваат, напоменува Џамтоски. Од ЈП Нискоградба повикуваат дека граѓаните може да реагираат и да пријавуваат одредени проблеми на нивните улици за да се исчистат сливниците докoлку има одредени проблеми.