Skip to main content

На 15 -ти Корпус почнаа да се решаваат инфраструктурни проблеми

На  15 -ти  Корпус почнаа да се решаваат инфраструктурни проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 
корпус

На пресекот од улиците 15 -ти Корпус и Веле Марков, ЛС  постави сообраќајни  знаци  кој покажуваат обележан премин. Жителите поставените знаци  ги добија по одржаниот состанок со преставници од  ЛС со жителите од оваа урбана  заедница. Жителите покрај ова побараа надлежните да им решат и другите инфраструктурни  проблеми. Дејан Анѓелески, претседател на оваа УЗ  вели дека работите почнале да се придвижуваат после одржаната средба.

корпус„ Ставија знаци.На игралиштето на улицата Мирка Гинова се зедоа мерки за да се  постави ограда со соодветна висина. Ветија дека за две недели ќе ги  асфалтираат дупките на Алксандар Турунџе, тоа се роковите кои ги зададе Локалната самоуправа, вели Анѓелески.

Покрај овие проблеми жителите  посочија и  други потреби од сферата на комуналното уредување. Едно од најприоритените за  дел од жителите на 15-ти Корпус е поставување на фекална канализација, напоменува Анѓелески.

„ Добивме  4 проекти од кои барем еден треба да се реализира. Но, пречка се  имотно правни проблеми за кои се надеваме дека ќе се најде соодветно решение. Граѓаните се во очај и финансиски се исцрпуваат. Од свој џеб ги чистат септичките јами еднаш месечно што ги чини околу 1500 денари. Тие се непотребни трошоци за граѓаните, а Локалната  самоуправа може да  ги реши,“напоменува Анѓелески.

корпус

 

Анѓелески, исто така, кажа дека на средбата побарале и  реконструкција на тротоарот  по должината на улицата 15-ти Корпус кој е  во лоша состојба. За расчистување на тротоарите од купиштата земја и камења оставени по завршени градежни работи , на  неколку локации на тротоарската површина, од Локалната самоуправа добиле ветување дека ќе интервенираат за две недели, кажува Анѓелески.