Skip to main content

Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците по математика и македонски јазик

На стручен начин ќе се решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Училиштата кои вообичаено немаат шанси да соработуваат сега имаат прилика да си покажат како може заеднички да се работи и да се дојде до посакуваните реултати. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Учителите од пониските одделенија во основното образование воочиле некои проблеми со кои се сретнуваат учениците  во јазичната и математичката писменост и се нафатиле на стручен начин да работат на тој проблем. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“. Ова вмрежување на училиштата ќе им помогне да користат туѓи искуства при изнаоѓањето на  механизми како да се решат овие проблеми.

Училиштата кои вообичаено немаат шанси да соработуваат сега имаат прилика да си покажат како може заеднички да се работи и да се дојде до посакуваните резултатаи, рече Мајда Јошевска- координатор на компонентата заедници за учење.

Во овој мрежен настан од Охрид се вклучени две училишта. Тоа е ОУ „Григор Прличев“ и ОУ Св.  „Климент Охридски“. Од „Григор Прличев“ се вклучени 12 учителки, а од Св. „Климент Охридски“ две.

Од самиот почеток ние имавме одлична меѓусебна соработка . Се што се случуваше е на доброволна основа. Дел од наставниот кадар го препозна значењето на овој проект и активно се вклучи во него, а денес ги гледаме и првичните резултатаи, рече Офелија Петреска, ментор на програмата

Денес презентацијата на проектот беше во училиштето Св. „Климент Охридски“ каде гости беа покрај наставничките од „Григор Прличев“ и од ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп. Проектот завршува во 2017та, но и после тоа ќе се применуваат искуствата стакнати за време на неговата реализација.