Државната матура ќе се полага на …
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок.
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок.
Според утврдената динамика, мајчин јазик и литература ќе се полага на 4-ти јуни 2016 година, математика на 9-ти јуни 2016 година, странски јазик на 13-ти јуни 2016 година и физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15-ти јуни 2016 година.
Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.