ГДОМ во Охрид
Пред општинската зграда активистите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ одржа мирен народен собор со охриѓани што го поддржуваат движењето.
Мирко Томоски писател од Охрид, член на ГДОМ, во обраќањето порача дека се подготвени да направат се за да ја зачуваат Македонија и испрати порака за избори на 5-ти јуни и ставање на дефинитивен крај на избори преку изразување на народната волја.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Томоски се осврна на состојбата во која се наоѓа општината и долгот што го наследи од претходните локлни власти.
Во Охрид направен е долг од 50 милиони евра. За период од три години за пијанчење и ручеци потрошени се 15 милиони денари народни пари, а за толкав период ја купуваа слободата на медиумите. Во нивно време беа шампиони на полнење автобуси со вработени во администрација. Затоа сега немаат никакво право да зборуваат за демократија и правда, рече Мирко Томоски писател од Охрид и член на ГДОМ.
ГДОМ одржува собири во повеќе градови на македонија преку кои континуирано изразува незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на претседателот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“.