Skip to main content

Охриѓани излегоа на мирен протестен марш

Охриѓани излегоа на мирен протестен марш .

 |  Валентина Неловска  | 
protest

Голем број граѓани протестираа под мотото  Нема правда нема  мир, носејќи  пароли со различни пораки. Некои од граѓаните  ги искажаа и  своите барања од денешниот протест. 

protestiram

 

Граѓаните бараа оставка на претседателот  Ѓорѓе Иванов,  повлекување на аболицијата на полиитчарите и да нема избори на 5 јуни.  

Граѓанската организација Протестирам беше организатор на проетсниот марш. Вероника Стефаноска од името на „Протестирам“  ги упати барањата.

„ Целта на денешниот протест е исполнување н а барањата на граѓаните. Дел се претседателот  Ѓорѓе Иванов да ја напушти својата функција, истовремено  да ја повлечe одлуката   за аболиција и да нема избори на 5 јуни“, истакна Стефаноска.

 

protetsГрупата граѓани тргнаа од градскиот плоштад Крушевска република, се движеја по охридската чаршија, а протестот заврши пред  Основниот суд каде што се  извикуваа паролите, Оставка и Нема правда нема мир. Протестниот  марш протече мирно и без инциденти, а беше обезбедуван од голем број полициски кордони.