Тајните на Охрид: Свети Никола Болнички
Денес ви претставуваме еден македонски православен христијански црковен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата Цар Самоил, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти црквата Света Богородица Болничка.

Ова парче културно историско наследство кое како да успеало да му одолее на времето, изградено е и живописано во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија – преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура.
За прв пат се споменува во еден документ за имотот на црквата “Света Богородица Перивлепта”. Во XV век на јужната страна од црквата дограден е параклис, од кој денес е сочуван апсидалниот дел со претставата “Причестувањето на апостолите”. Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдина се спуштале до самото езеро.