Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник
Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник.
Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од 2 хектари под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков од ЈП Комуналец.
„ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на временските услови во Охрид како најдолготрајни во една сезона. Од работата на производство најзастапени и приоритетни видови на цвеќе се тагетес или џунџуле, петунија, салвија, агератум, лепи Јово, лампатијас“,напоменува Љатков.
Покрај виола триколор или очињата, и розите кои се засадуваат на јавните површини и во охридските паркови, Љатков најавува од идната сезона одгледување и на лалиња. Додава дека е задоволен од граѓаните кои купуваат во нивниот расадник.
„Охридскиот расадник подолго време соработува со хотели , плажи , ресторани в долж крајбрежјето. Има охриѓани кои тука купуваат и сезонско цвеќе и декоративни садници , но доаѓаат и граѓани во летната сезона за да ги уредуваат своите дворови, кажува Љатков.
Љатков напоменува дека има несовесни граѓани кои го крадат и уништуваат цвеќето од охридските паркови и и околу дрворедите. Најмногу страдаат засадените очиња на улицата Димитар Влахов, се жали Љатков. Додава дека мета на вандалите се и декоративните ќупови во паркот кои се кршат.