Skip to main content

Истекува рокот за пријавување на данокот за дополнителните приходи

Крајниот рок до кога граѓаните можат да го пријават данокот за дополнителните приходи што лани ги заработиле покрај платата или пензијата, истекува денеска.

logo
лого
Крајниот рок до кога граѓаните можат да го пријават данокот за дополнителните приходи што лани ги заработиле покрај платата или пензијата, истекува денеска.

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) низ целата земја во кои граѓаните ги поднесуваат годишните даночни пријави, денеска ќе работат од 8.30 до 16.30 часот за да се запази крајниот рок.

Вкупно 57.179 граѓани до петокот поднеле даночни пријави. Само во петок околу 12.000 граѓани ја исполниле даночната обврска.

OhridОд УЈП очекуваат до денеска околу 80.000 граѓани да поднесат годишни даночни пријави, што е за неколку илјади повеќе од лани, кога персонален данок пријавија околу 77.000 лица.

Обврска да поднесат годишна даночна пријава имаат граѓаните што своите приходи ги оствариле во земјата и во странство. Граѓанинот што остварува само приходи од плата, пензија, од вршење самостојна или земјоделска дејност, не е должен да пријави персонален данок.

 

 

 

 

{loadposition content9}