Skip to main content

Охриѓанецот Влатко Ѓорѓиески со бронза од меѓународното гастрономско првенство во Црна Гора

Готвачите на ГАСТРО МАК на 10-тото меѓународно отворено првенство на Црна Гора Будва 2016, во организација на Здружението на шефови  на кујни на Црна Гора, освоија 5 награди, 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени медали и една диплома за 4-то место.

 |  Мишел Наумоски  | 

Готвачите на ГАСТРО МАК на 10-тото меѓународно отворено првенство на Црна Гора Будва 2016, во организација на Здружението на шефови  на кујни на Црна Гора, освоија 5 награди, 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени медали и една диплома за 4-то место.

Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, од кои едниот е Влатко Ѓорѓиески, шеф на кујна во хотел ”Бетон” – Охрид. Согласно пропозициите во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа: топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење и десерт.

Шефовите на Здружението на готвачи, ГАСТРО МАК, Бобан Симоновски- шеф на кујна во ресторан ”Скара бар” освои златен медал и охриѓанецот Влатко Ѓорѓиески – шеф на кујна во хотел ”Бетон” освои бронзен медал. Во категоријата подготвување на торти и колачи, Снежана Ангеловска освои два медала, златен и бронзен, како и 4то место за нејзините ситни колачиња.

Македонскиот тим се натпреваруваше во конкуренција на готвачи и шефови на кујни од 11 земји учеснички и тоа од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Словачка, Украина, Турција, Русија и Албанија.
Како и на изминатите гастромомски фестивали, освен готвењето, македонската делегација вниманието на присутните го привлекуваше со бројните рекламни туристички материјали и македонските вина со кои се наздравуваа успесите.