Skip to main content

Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт

Студентскиот дом „Никола Карев“  ќе се подновува. Ќе добие нов лифт и инвентар. Тој е еден од студентскиоте домови кој нуди најдобри услови за сместување и кој работи рентабилно. И оваа година пополнетоста на неговиот капацитет е 80%.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт. Министерството за образование објави јавен повик за набавка на 8 лифтови за сите студентски домови во државава. По завршувањето на сите административни работи, до втората половина на годинава,  ќе се започне со реализација на овој проект. Вредноста на проектот е 15 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РМ.

Ние години наназад работиме на подобрување на условите во студентскиот дом. Ние имаме лифт во згарадата, но е стар околу десет години. Со новиот лифт ќе се подобри безбедноста на студентите и ќе се овозможи осовременување на домот, вели Марјан Ристески, директор на студентскиот дом „Никола Карев“.

Во тек е и постапката за прибирање понуди за набавка на инвентар за студентските домови. До 30-ти мај таа треба да заврши. Во текот на оваа и наредната година сите студентски домови треба да добијат нови кревети, работни бироа, столчиња, маси и плакари. Вредноста на овој проект е околу 100 милиони денари. Студентскиот дом „Никола Карев“ во текот на 2011 и 2012 год со сопствени средства го замени инвентарот.

Ако видиме дека сега сме 2016-2017та тој инвентар кој ние го набавивме е стар 5-6 години. Бидејќи постојано се користи е амортизиран,  па добро ќе ни дојде ново освежување, вели Ристески.

Студентскиот дом „Никола Карев“ работи рентабилно. И оваа година пополнетоста на неговиот капацитет е 80% и е еден од студентскиите домови во Македонија кој нуди најдобри услови за сместување.