Skip to main content

РК Охрид утре го чека нов спортски предизвик со екипата Зомимак од Струмица

РК Охрид утре го чека нов спортски предизвик со екипата  Зомимак од Струмица.

 |  Валентина Неловска  | 
га

Охридските ракометари, утре имаат  нов спортски предизвик. По низата победи во Купот на Македонија и пласманот меѓу 4 најдобри екипи во Македонија. Охриѓани ќе имаат спортски дуел со струмичките ракометари од Зомимак. Тоа е екипа која ова агодина беше претставник во европските купови, истакна Горан Андоновски тренерот на РК Охрид.

горан„ Ние уживаме во овие натпревари и играчите го даваат својот максимум и покрај тоа што во изминативе 7 -8 денови имавме тешки натпревари. Се надеваме дека ќе собереме сила и ќе продолжиме со нова победа иако ќе биде тешко. Струмица во првите  два меча против Прилеп и Работнички извојува победа на домашен терен , но се надеваме дека со помош на охридската публика и нашата препознатлива игра и борбеност на терен ќе успееме да победиме и првите 3 бода од Плеј офот ќе го освоиме во Охрид“, напоменува Андоноски.

Утревечер, охридските ракометари  во спортската сала ја очекуваат домашната публика и навивачката  група Рибари за да слават победа. Спортот се состои од победи и порази, но се надеваме дека како што тргнавме така и ќе завршиме и ќе славиме победа, вели Андоноски.  Додава дека има можности полуфиналето на Фајнал Фор да се одржи во Охрид. Доколку, ждрепката  одлучи охриѓани да ги добијат за противници Вардар јуниор можно е полуфиналето на Фајнал  Фор во средината на мај да се одигра во Охрид.