Католичката црква, плаќа
Американската католичка црква минатата година исплатила 436 милиони долари отштета за случаи на сексуално злоупотребување, извршени од свештени лица, се наведува во годишниот извештај на епископалната конференција на САД.
Бројот на новоподнесените жалби е зголемен за 16 проценти во споредба со 2007 година, нагласи епископалната конференција, која секоја година врши проценка на начинот на кој се применува стратегијата за заштита на децата, усвоена по избувнувањето на скандалот со свештеници педофили.
Вкупно 364 милиони од целата сума се исплатени како обесштетување на жртвите.Католичката црква во 2007 година исплати 526 милиони долари за случаи на сексуално злоупотребување.
На сметка на падот на сумата за отштети, минатата година бројот на новите жалби е зголемен на 803, од кои повеќето од половината се поврзани со деца.
Нешто над половината од новите жалби се однесуваат на сексуални злоупотребувања во периодот од 1960-1974 година, се наведува во извештајот.
{loadposition content9}