Вандали го уништиле новопосадениот дрворед на патеката Студенчишта
Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо.
Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо. Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на ноќта при што сторителите најпрво ја откорнале рампата која беше поставена да ги спречи несовесните возачи со автомобили да возат по патеката, а потоа ги оштетиле и изгазиле и новопосадените дрвца на оваа локација. За овој чин била известена и полицијата која извршила увид на лице место. Инаку рано утринава направената штета беше очигледно санирана, но ваквите вандалски чинови досега во неколку наврати се случуваат токму на оваа пешачка патека, и покрај честите апели да не се уништуваат јавните добра.