Skip to main content

Од Мобилност бараат плажа во Охрид со адаптиран приод за лицата со инвалидитет

Oд Мобилност бараат плажа во Охрид со адаптиран приод за лицата со инвалидитет

 |  Валентина Неловска  | 
plaa

Од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност  бараат пристап до најблиската плажа на охридското крајбрежје. Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност, вели дека неколку години наназад бараат неколку плажи на охридското крајбрежје да се пролагодат за лицата со телесен инвалидитет, како и да се прилагодат туш кабини и тоалети.

[laza„Имавме поддршка од Министерството за транспорт и врски дека ќе се остари  и реализира тоа што е предвидено во Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица со телесен инавлидитет, но во пракса тоа тешко оди“, напоменува Прчева.
 
Прчева укажува дека не се откажуваат од нивната задача да ги  потсетуваат, притискаат и иницираат надлежните институции да го  решат  овој проблем. Во Мобилност членуваат 8.200 лица со телесен инвалидитет, а се организирани во 17 општински, меѓуградски и една градска организација.
 
„Тоа нас ни е потребно затоа што во Охрид, во Охридатите, организацијата Мобилност има 12 апартмани прилагодени за самостоен одмор и рехабилитација на лица во количка. Нашето барање до Локалната самоуправа беше да се уреди најблиската плажа до нашите апартмани на 10 метри од Куба Либре и да се овоможи таков пристап во езерото“, напоменува Прчева.

lpaza

Охридскиот заменик градоначалник,  Ангел Јанев, неодамна за ТВМ оптимистички најави дека овој проект ќе биде реализиран уште во текот на летово.

Прчева нагласува дека бавно, но сепак има придвижување во отстранување на архитектонските препреки на улиците и во некои од институциите. На поголемиот дел од улиците се спуштени тротоарите за лицата со колички. Слух за оваа проблематика имаат и  трговските центри и спортските објекти. Но, нивните членови сеуште се среќаваат со архитектонски препреки во  објекти како што се во образованието, здравството и културата, напоменува Прчева.