Градинката 8-ми март со веб страна
На тој начин родителите ќе знаат што денес нивните деца појадувале.
лого
Детската установа 8-ми март од Струга зачекори со современата технологија. На одбележувањето на партонот на установата, се презентира веб страната на градинаката. Од сега, сите случувања, активности на децата и воспитувачките ќе бидат поставени на порталот, со цел родителите да бидат во тек со нив.
Веб страната ќе биде од корист посебно при уписите на децата.
Директорката на Детска градинака „8-ми март“Симонка Јаканоска, рече дека на веб страната ја има целата биографија на градинките во склоп „8-ми март“.
Прикажани се слики од објектите, така ќе може секој да види како истите изгледаат и да се информираат со колкав капацитет располагаат.
Интернет страната ќе ја олесни и комуникацијата помеѓу родителите и претпоставените во градинките. Тие ќе можат во секое време да видат во кави услови децата го поминуваат поголемиот дел од денот и колку за нив се води грижа.
„На таа страна ја има листата на јадења, родителите можат да видат што денес јаделе нивните деца“-вели Јаканоска.
На порталот можат да се најдат сите податоци како и активности кои градинките ги одржувале во периодот од септември минатата година па до денес.

{loadposition content9}