Skip to main content

Изградбата на регионалниот колектор во Дебрца при крај

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај.

 |  Голабовски Крсте  | 
koektor

kolektorГрадоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај.

Финализира изградбата на регионалниот колектор во општина Дебарца. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води” кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски со средства добиени од Европската инвестициска банка. Во изградбата на Регионалниот колектор ќе бидат вложени 13.706.061,0 денари.

Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живот, посебно во руралните средини. Неговата реализација значително ќе го подобри квалитетот, ефикасноста, достапноста и сигурноста во овозможувањето на комунални услуги на населението, со што се дава позитивен импулс за натамошен развој на населените места кои гравитираат кон новиот колектор, изјави Градоначалникот Трајкоски. Преку истиот проект „Водоснабдување и одведување отпадни води“, Градоначалникот истакна дека се обезбеди средства во вредност од 7.288.000,00 денари, за доизградба на Фекалната канализација во Мешеишта и поврзување со колекторскиот систем, со што Фекалната канализација ќе биде ставена во функција.

Во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе објави оглас за избор на најповолен понудувач за изградба на фекалната канализација во Мешеишта.