Skip to main content

Атлетико Мадрид на 28 мај ќе ја лови својата прва европска круна

Изјави на дел од актерите од првото полуфинале во Лигата на шампиони

 |  инфодеск  | 

Атлетико Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампиони. Шпанскиот клуб на Алианц арената загуби со 2-1, но до големото финале стигна благодарение на првиот натпревар кој го доби со 1-0.

“Горд сум на својата екипа. Игравме многу добро, како и второто полуврее во Мадрид. Игравме добро против Јувентус, Бенфика и Атлетико и поради тоа можам мирно да спијам. Пробавме сѐ да дојдеме до финалето. Дадов сѐ од себе во овие три години и се надевам дека Карло ќе успее. Ми е жал за играчите бидејќи заслужија финале, но исто така го заслужија и играчите на Атлетико”, изјави тренерот на Баерн Пеп Гвардиола.

Играчот за врска на Баерн, Артуро Видал изјави: “Бевме подобри во двата натпревари и доминиравме. Тие ги искористија своите шанси и одат во финалето. Тажни сме”.

Еден од јунаците на Атлетико беше Јан Облак кој при водство на Баерн од 1-0 му одбрани пенал на Милер.

“Баерн има одлични играчи и невозможно е мрежата да остане недопрена”, рекол Облак и одговорил на прашањето кого би сакал во финале: “Неодамна ја победивме Барселона, а сега и Баерн. Манчестер Сити и Реал се одлични екипи, но за нас е сеедно”.

Фернандо Торес не искористи пенал на другата страна, но подоцна ја признал судиската грешка. Меѓутоа, тоа не го чинеше скапо Атлетико кој сега има прилика да ја испише историјата.