Одбележан Денот на реката Црн Дрим
Изворите на Црн Дрим и воопшто целиот воден ресурс на оваа река треба да се штитат од загадување. Најголема опасност е човечкиот фактор. Токму поради тоа треба да се работи на подигање на јавната свест кај локалните заедници за зачувување на сливот на реката Црн Дрим.
Еден и пол милиони луѓе живеат и зависат реката Црн Дрим. Затоа треба да се работи на подигнување на јавната свест на локалните заедница за значението на овој природен ресурс како потенцијал за хидро енергија, риболов и останато. Вчера во срцето на реката Црн Дрим, нејзините извори на познатото Острово во Св Наум, активистите на ЕД „Грашница“ организираа целодневен настан за одбележување на 5 ти мај денот на реката Црн Дрим. Како што истакна Ѓоко Зороски целта е да се укаже на сите трендови кои се однесуваат на загадувањето на Охридското Езеро и Црниот Дрим и влијанието на неколку сектори. Според него најголем фактор на загадување се земјоделските активности предизвикани од човекот.
„Водата во Св Наумските извори покажува зголемување во однос на концентрацијата на фосфор, кој што пак доаѓа од поврзаноста на Охридското со Преспанското Езеро, односно активностите во преспанскито регион во поглед на земјоделието, големот број на рутински внесувања на минерални ѓубрива и фосфор во езерото придонесува истиот да се рефлектира и врз Св Наумските извори, а со тоа и на Охридското Езеро и на сливот на реката Црн Дрим. Исто така во иднина ќе биде жешка точка и хидро потенцијалот на реката Црн Дрим, бидејќи во план се изградба на хидроцентрали, постоечките хидроцентрали и сето тоа е во судир со еколошката страна односно фрагментација на живеалишта“ – вели Зороски.
Националниот координатор на програмата за мали грантови на ГЕФ, Златко Самарџиев, пренесе дека досега во нивното 10 годишно постоење, помогнале 100 проекти на здруженија на граѓани во областите биолошка разновидност и климатски промени. Самарџиев вели дека Дримот мора да се зачува бидејќи претставува извор и за Охридскот Езеро но и извор за живеење од векови, од кога постои населението во регионот.
„Реката Дрим од ГЕФ за прв пат добива средства, таа е прекугранична река, ГЕФ дава големи проекти за разлика од нашите кои се мали, дава над милион долари кои што помагаат прекугранично посебно за водните ресурси како што е во случајов реката Црн Дрим и тоа спаѓа во централната област заштита на меѓународните води. ГЕФ пристапува многу темелно за да се припреми овој проект и благодарение на македонската страна иницијативата се дојде до предлог проект кој што е финансиран и доаѓа најинтересниот дел треба да се спроведе“ – истакна Самарџиев.
Реката Цдрн Дрим има вкупно 45 извори од кои 15 странични а останатите подводни. Нивната издашност е од 6-10 метри кубни во секунда. Водата во изворите е питка, температурата преку цела година е од 10 до 12 степени и најголемата длабочина изнесува 3,5 метри. Ова крајбрежно езерце или острово е под заштита на УНЕСКО. Инаку во текот на активностите за одбележување на Денот на реката Црн Дрим активистите на Грашница го исчистија крајбрежниот појас на плажата во Св Наум.