Специјалната јавна обвинителка во Охрид, приватно или…?
Што прави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Охрид?
| Мишел Наумоски | Охрид
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева забележана на прошетка низ Охрид. Денес таа го искористи убавото време за да ужива во погледот кој го нуди еден од нашите кафе барови кои се наоѓаат на брегот на езерото заедно со своите деца. Јанева во убаво расположение и без наводното според некои медиуми огромно обезбедување кое го поседува, уживаше на охридската ривиера веројатно релаксирајќи се од напорната работа на процесирање на огромен број снимки од нелегално прислушуваните разговори од кои досега Специјалното јавно обвинителство покрена вкупно пет акции под имињата „Титаник“, „Тврдина“, „Транспортер“, „Тортура“ и „ТНТ“.