Skip to main content

Жителите од урбаната заедница Воска 1 се загрозени од глутница кучиња

Жителите  од урбаната заедница Воска 1 се загрозени од глутница кучиња.

 |  Валентина Неловска  | 
kucina

Луѓето кои живеаат во Воска еден, на Булевар Туристичка наспроти бензиската Окта  бараат спас од кучињата скитници кои ја загрозуваат нивната безбедност. Главоболка им задаваат веќе подолго време чопор од 10 – тина кучиња скитници кои ги напаѓаат луѓето кои живеат во околните  згради на Туристичка.

kuce„Едно девојче во последен  момент се спаси со затварање на влезната врата  од 10- тина кучиња. Човек пред продавницата на тротоарот буквално бил соборен на земја долу, а  го спасиле луѓе кои се затекнале во продованицата. Како можело тоа да се заврши е прашање. Во моментот ги нема, но лежат меѓу зградите и навечер после 20 часот им почнува свадбата. Се собираат и по 20 кучиња и стануваат агресивни“, раскажува Илија Магденоски жител во една од зградите на Булевар Туристичка.    

Жителите од Воска еден бараат час поскоро решение  за нивниот сериозен проблем кој ги ограничува  во нормалното живеење и  ги загрозува  нивните животи. Магденоски  потсетуваат на неодмнешните напади од кучиња на граѓани  кои имале сериозни повреди.   Тие стравуваат дека може нешто стрaшно  да се случи.

ku;e„Јас не стравувам туку  сум сигурен дека ако не преземат мерки надлежните дека тоа ќе се случи. Се обративме и во полиција,  ми дадоа контакт од надлежните , но од таму никој не се јавува. На тој телефон 10 пати никој не се јавува , не го знам човекот, а ни неговата функција. Но, верувам дека има надлежни служби во Охрид кои треба да преземат нешто“, посочува Магденоски.  

ТВМ се обиде да го исконтактира Општинскиот инспекторат за да одговорат на прашњето што ќе преземат за да ги заштита жителите од Воска 1, но на нашите повици никој не одговори. Ова за жал не е единственото место во градот каде што има чопор од кучиња скитници од кои стравуваат минувачите. Нив ги има и во центарот на градот, но и во дриги делови од градот како на пример  на плоштадот и кај мостот.