Skip to main content

Денес граѓански протест во Струга

Под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода, граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов, денес11.05.2016 (среда)  од 18:00 часот пред Паркинг на машка плажа (пред тениско игралиште) во Струга ќе се одржи граѓански протест.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Стружани обединети заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други утре ќе протестираат против и криминалот кој не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација.