Skip to main content

Во Охрид не постои енигматски клуб, поранешните енигматичари посакуваат негова реафирмација

 Во Охрид  не постои енигматски клуб, поранешните енигматичари посакуваат негова реафирмација.

 |  Валентина Неловска  | 
ек


Дипломираниот градежен инжинер Андон Колоски е еден од некогашните најуспешни охридски енигматичари. Колоски точно пред 2 децении   на „ТВ Крстозбор“ ја освоил  титутлата најдобар македонски енигматичари, а за покажаното знаење освоил и вредна награда автомобил. Колсоки вели тоа беше убава  емисија каде што до израз доаѓаа знаењето и концентарцијата на натпреварувачите. Охрид во тоа време беше еден од главните енигматски градови  со голем број на врвни енигматичари кои функционирале во  клубот Билјана. Колоски потсетува дека во тоа време во Македонија постоеле 16 енигматски клубови, а постоел и енигматскиот забавник Котелец.
андон колоски

„Тогаш се организираа натпревари во брзо решавање на крстозбори  во сите градови. Охрид ,  без лажна скромност, беше еден од водечките клубови  во овој вид забава, “ потсетува Колоски.   

 За жал , ЕК „Билјана“ згасна пред 15 години,а во моментов функционира само штипскиот „Спиро Прилепчански“ . На ова поле во земјава владее затишје, посочува Колоски. Желбата на охридските енигамтичари е да се реафирмира енигматиката , како  вид на забава со која се стекнуваат и надополнуваат интересни знаења.

 

квиз

„ Добро би било енигматиката да се инволвира во училиштата преку наставни или дополнителни часови и секции. Преку решавање на енигматските загатки, ребуси, пополнувалки преку кој  децатат ќе го развиваат својот интелект и ќе им помогне  да се остварат нивните животни цели“, вели Колоски.


Од периодот пред 2 децнии енигматичарот Андон Колоски од плеадата врвни охридски енигматичари потсетува на  имињата на   ненадминливите  Тоде Илиески, Николче Ѓорѓиески, Наум Хриустоски , Пеце Трајков и др.