Skip to main content

250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го завршуваат своето предшколско образование

Со песна, игра смеа и по некоја солза дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ кои се во најголемите групи ја завршуваат оваа учебна година. Тие од наесен ќе бидат првооделенци во некое наше основно училиште. Завршната приреднба некои од школите ја искористија за да се промовираат пред родителите и децата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го  завршуваат своето предшколско образование. Денес со приредба на која учествуваа децата од највисоките групи, но и оние од пониските, градинката ги испрати во ново поглавје од нивниот живот. Тие од наесен започнуваат да учат во некое од охридските основни училишта и полека ама сигурно зачекоруваат во светот на возрасните.

Оваа завршна приредба колку што е свечена толку е и тажна за нас и нашиот персонал но и за дечињата . Тие веќе завршуваат со своето безгрижно детство и од наесен започнуваат во прво оделение. Голем дел од нив уште во месец јуни ќе се отпишат од нашата градинка, па затоа ние сакавме да ги испратиме како што е редот, вели Розе Костоска, директорка на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“.

Завршната приредба ја искористија некои од основните училишта во градов за своја промоција. Тие им се преставија на децата и на нивните родители и им презентираа што нудат, какви се условите во нивното училиште и зошто да се запишат токму таму.

Интересот за нашето училиште се повеќе расте. Оваа година имаме и поголем број ученици кои ќе се запишат кај нас. Тоа пред се се должи на условите кои ги нудиме. Прво едносменската настава, , продолжениот престој. Високото ниво на хигиена, врвниот наставен кадар, сопствена затворена спортска сала, обезбедена исхрана и уште многу други услови кои ќе им го подобрат и олеснат образовниот процес на идните ученици, вели Јордан Пуроски-директорот на ОУ Св.„Климент Охридски“.

Промоцијата на основните училишта трае се до 31 мај до кога се и уписите за првачињата, а градинката „Јасна Ристеска“ е отворена за соработка со сите нив. И наредниве денови во градинката ќе има различни активности со кои ги заокружуваат проектите кои се реализираа во текот а оваа учебна година.