Птиците преселници се чувари на нашата животна средина
Птиците преселници се чувари на нашата животна средина. Затоа треба да ги чуваме, да не ги уништуваме нивните живеалишта и да ги прихрануваме. Охридските извидници од одредот „Пионер“, пред основците од општна Охрид и Дебрца одржаа неколку едукативни работилници за птиците преселници и нивното значење за природата. Децата научија нешто повеќе за птиците, кои се нови птици и на кој начин можат да ги заштитат.
Зошто птиците преселници се корисни за природата, и биодиверзитетот. На оваа тема охридските извидници од ИО „Пионер“одржаа 10 работилници во основните училишта, во рамки на реализација на проектот „Птиците и човекот“. Целта на проектот е младите од основните училишта да се запознаат со начинот на живеење на птиците преселници, кои се придобивките од нив, како и тоа на кој начин можат да ги заштитат, како би се намалило нивното уништување кое ги следи години наназад. Николче Костоски од ИО „Пионер“ изнесе дел од причините поради кои страдаат птиците преселници во нашите краишта.
„Истраживањата покажуваат дека тоа е најмногу како последица на загадувањето на природата, бидејќи знаеме сите организираме активности за заштитување на природата, тоа е еден од најголемите причинители за уништување на птиците секако и нелегалното ловење на птиците, кое е забрането но сепак ги уништува“ – вели Костоски.
20% од птиците во светот се птици преселници, а кај нас најзастапени се ластовичката, сколовранецот, славејот, штркот и кукавицата, вели Костоски. Тој појасна како треба да ги заштитиме и на кој начин да се грижиме за нив.
„За нивна заштита треба, бидејќи ние сме на земјата а тие се горе,… пред се не треба да ја загадуваме природата, да не ги уништуваме нивните живеалишта, бидејќи тие секоја година доаѓаат и остануваат на истите места…ни покажуваат кога има некој проблем со природата кога има некое загадување тие први напуштаат, така да ние секогаш треба да им помагаме на птиците на био кој начин, дали ќе биде тоа прихрана или нешто друго“.
Костоски нагласи дека излагањето на извидниците кај учениците, побудило голем интерес и се развила отворена дискусија. Исто така за птиците преселници кои се застапени во нашите краишта било претставено аудио и визуелно. Пред учениците бил презентиран и еден краткометражен филм каде што преку ексклузивни снимки учениците имале можност да го доловат прелетот на птиците преселници преку земјините меридијани и предизвиците со кои се соочуваат за време на летот. Филмот со внимание го проследиле и одделенски наставници, на кој пак филмот им бил отстапен за понатамошна употреба во процесот на формалното образование на децата. Инаку, проектот „Птиците и човекот“ е поддржан и финансиран од Македонското еколошко друштво од Скопје.