Skip to main content

Куварски двобој меѓу дваесетина охридски готвачи аматери и ученици

Куварски двобој меѓу дваесетина охридски готвачи аматери и ученици.

 |  Валентина Неловска  | 
gotvaci

 

Учениците по готварство од охридското средно училиште Ванчо Питошески и аматери  готвачи ги одмерија своите вештини воподготвување на спеициалитеите од пилешко месо. Екипите беа составени 5 тима од по тројца ученици  и два тима Кокода и Весело петле од аматери. Сите екипи вредно подготвуваа специјалитети од пилешко и с е надеваат да го освојат првото место.  
Снежана Николова, Митрески Јонче и Петреска Анѓела беа членовите на  екипата Кокода. Николова кажа дека готварството не и струка туку хоби  и  голема љубов.

gotvaci„ Планираме да подготвиме пилешко во бел  сос според рецептура .Се надеваме дека ќе е убаво , ќе го декорираме и очекуваме да видиме што ќе каже жирито за нашиот рецепт„, вели Николва.

 
Блаже Јорданоски , професорот по готвартство во Ванчо Питошески, беше меѓу своите ученици и ги надгледуваше  како тече  подготовката на избраните специјалитети од пилешко месо. Виктор Стојоски  е ученик во  2 година готварство и еден од идните готвачи. Подготвуваат пилешки специјалите похован со сос од кашкавал и свински врат со гарнир од зеленчук, а за нагрдата вели.

 

gotvaci „Се надеваме но имаме добри конкуренти, но и нашите ученици се многу добри па останува да видиме. Готварството го обожавам“, вели Стојоски.

Изборот на највкусно приготвениот специјалитет му припадна на  најпознатиот македонски шеф  Дејан Христовски.  Тој е почесен член на Croation Masters Chefs Association.  Христовски се радува на бројните денешни натпреварувачи или  како што ги нарекува готварски виртуози , а посебно на младите идни готвачи – ученици од Ванчо Питошекси.

„Многу се радувам на младите луѓе како со вистинска љубов го прават тоа Се обидуваат од пилешкот месо д анапаравт вистинск амагија. Пилешкото е месо кое нема јак вкус, но  луѓето тука што готват ќе го направат поразлично од она што го готват секојдневно дома“, вели Христовски.

Најуспешната екипа од денешениот натпревар ќе учествува во одмерување на готварските вештини во Александар Палас во Скопје. Готварскиот натпревар  се одржа во рамките на проектот Мое најмесо а покровител е европската пилешка индистрија.  Најдобрата македонска екипа ќе патува на кулинарски  натпревар во Словенија.