Касами: Стоматологијата напредува со галопирачки чекори
Стоматологијата напредува со галопирачки чекори. Експерти од оваа медицинска гранка ќе предаваат на повеќе теми меѓу кои, третирање на разни болни синдроми во максило фацијалната регија, најнов начин на третмани со заби, најнови материјали за изработка на коронки итн. Струга домаќин на Меѓународниот стоматолошки конгрес.
„Справување со предизвиците во стоматологијата“, тема на Меѓународниот стоматолошки конгрес кој деновиве се одржува во Струга. Импознатни имиња ќе ги презентираат најновите сознанија за стоматологијата.
„Стоматологијата со галопирачки чекори напредува, секои две недели пристигнува нов материјал. Најинстантниот начин да дојдат стоматолозите до сознанија за новитетите се токму конгресите, семинарите, симпозиумите…Третирањето на разни болни синдроми во максило фацијалната регија, најнов начин на третмани со заби, најнови материјали за изработка на коронки“ – истакна претседателот на Стоматолошкото друштво на албанците во Македонија, Недим Касами.
Мефаил Сулејмани- претседателот на организационен одбор на конгресот, истакна дека меѓународниот стоматолошки конгрес е еден од најголемите конгреси кој е организиран во Р. Македонија, кој е акредитиран од стоматолошката комора на земјава.
„Во склоп на нашиот конгрес се организирани 4 курсеви. Најголемата новост е дека за прв пат во Македонија се организира еден курс за дентална фотографија, така да еминентните имиња предавачи на конгресот ќе одржат курсеви, најновите техники на изработка на фасетки во областа на конзерватиката и протетиката. Овде може да се виде дека стилот на организација во нашата република е веќе сменет, ние одиме со тренд и ги следиме чекорите на Европските земји за организација“.
Сулејмани истакна дека доказ за тоа е можноста која им ја нудат на фирмите кои се занимаваат со продажба на материјали, истите да ги претстават на унифицирани штандови. На Меѓународниот стоматолошки конгрес учествуваат предавачи од Македонија, Италија, Швјцарија, Хрватска, Германија, Турција, Албанија и Косово. Конгресот е во организација на Стоматолошкото друштво на албанците во Македонија.