Завршија годинешните „Игри без граници“
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ Григор Прличев, во присуство на голем број учесници, посетители и гости, завршија овогодинешните игри без граници. Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри, се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера, при што:
третото место го освои екипата “ТС” од 5то 3 одделение од ОУ “Христо Узунов”, второто место и припадна на екипата “три ѕвездички” од 8мо одделение при ОУ “Живко Чинго” од Велгошти, а првото место го освои екипата “СТАРС” од 5то 5 одделение при ОУ “Христо Узунов” од Охрид.
Ова е голем успех за нас како училиште, а повеќе тежина се добива што учениците се од помала возраст, што значи дека му претстои светла иднина на нашето училиште за формирање на здрави спортски и креативни личности, изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски.
За потсетување, игрите започнаа на 1ви декември 2015г. во организација и реализација на извидничкиот одред ПИОНЕР и досега учество зедоа повеќе од 400 ученици од основните училишта од Охрид. Преку поддршка на одделението за образование при локалната самоуправа овој проект наиде на широка прифатеност и ќе продолжи да се реализира и во следната учебна година, изјави Зоран Костоски, Старешина на И.О „Пионер“.