Skip to main content

Охриѓанецот Алаедин Неби изработува уникатни сувенири и предмети од ореово дрво со седеф

Охриѓанецот Алaедин Неби изработува  уникатни  сувенири и предмети од ореово дрво со седеф.

 |  Валентина Неловска  | 

Мајстор Алаедин Неби е единствениот охриѓанец кој  изработува  уникатни предмети од дрво облaгородено со седеф од  школки. Со ова уникатно  хоби, Неби изработува чибуци, кутии за накит, пудриери и табакери. Уметничките предмети се изум на неговиот татко Хамди пред скоро еден век. Денес неговиот син, мајстор Алаедин навлезен во  8 деценија од животот раскажува како го исполнува аманетот од татко му и работи  со голема љубов,  посветеност и  бескрајна трпеливост.

„Јас работам 60 години со ореово дрво и знам како диши дрвото. Тоа треба да е 100 посто суво, ако не есуво по извесно време ќе покажат траги кои треба  да се поправат“, кажуав Мајстор.

Алаедин, уште од мали нозе заедно со неговите тројца браќа, Неби, Алим и Фадил  помагале во  занаетот  кој бил иновација на нивниот татко самоук дограмаџија. За вградувањето на седефот во ореовото дрво вели дека е исклучително прецизно и тешко. Прво се длабат дупчињата во дрвото, а потоа се обработува  седефот, тоа е една многу макотрпна работа, вели Алаедин Неби.

„ Да сум искрен, седефот е смеса која на ореовото дрво го  покажува богатството на дрвото, а слоновата коска е жолта и нема сјај. Седефот не се употребува од цела школка  туку само од делови  кои се вметнуваат рамни и округли орнаменти. Тие се од школка од Охридското езеро“, раскажува Алаедин.
Мајсторот се навраќа во неговото детство кога на 11 години за прв пат почнал да се вклучува во изработката на сувенирите. Раскажува дека учел за алатничар во Крагуевац и негова професија е  алатничарството, работел во  Братство, а паралелно работел и на своето хоби.  За да се изработат уметничките предмети со седеф мора да  се посвети многу време, а мајсторот работи секојдневно по  седум часа во  денот.  Неби никогаш не зажалил што вложил и поминал многу време  во малатата работилница и со длетото создавaл уметност.

„ Верувајте гледајќи ги овие работи што сум ги направил се чудам дали моите раце тоа го направиле. Сега немам  сила  или немам живци д аги обработувам овие работи“, вели Алаедин.

Вредниот Алаедин Неби се испробал и во друг правец во уметноста. Подеднакво е успешен и се пронашол себе си и во изработката на длаборез. Уметноста е дарба која се наследува од  претците. Алаедин е  пример  дека го нaследил  уметничкиот ген во семејството Неби, а исто така и  неговите три деца.  Синот Зеки и ќерките  Јелис и Зухал  имаат уметничка наклoност, но само Зухал целосно се посветила на уметноста. Голема е желбата на мајсторот Алаедин Неби да продолжи семејната  традиција и да го исполни ветувањето  на татко му Хамди. Денес, очите му се вперени кон  ќерката Зухал, академска  сликарка  која покажува особен интерес да продолжи со занаетот и  понатаму и да чекори по  стапките на семејството Неби.