Охридските матуранти во петок ќе го играат Квадрилот по петнаесетти пат
Овој петок точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни училишта во градот ОСУ„Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус.

Матурската парада годинава се одржува по 15-ти пат и од 2001 година до денес на манифестацијата учествувале над 300.000 матуранти од 100 града во 10 европски држави меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Украина.