Шпанците го “приватизираа” евро фудбалот
Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување

Со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на Европа Севиља запечати уште една сезона во која Шпанците освојуваат сѐ. Имајќи во предвид дека Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се среќаваат во финалето на Лигата на шампиони ќе се случи нешто што досега не се случило – три сезони по ред клубови од иста земја да ги освојуваат ЛШ и ЛЕ.
Со триумфот на Севиља во Базел, Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување со 10 освоени титули. Италијаните имааат 9, а Англичаните 7 титули во Лигатата на Европа, односно Уефа.
Ако Ливерпул синоќа славеше би се изедначил со Севиља, но сега тимот од Андалузија дојдоа до 5 наслови додека Јувентус, Интер и Ливерпул останаа на три.
Да додадеме дека новата сезона во клупското натпреварување во Европа, Севиља ќе ја отвори против еден од мадридските клубови на 9 август во Трондхајм во Норвешка.







