Skip to main content

Касами: Македонските стоматолози квалитетно работат затоа се ценети насекаде во светот

Стоматолошките услуги во нашата земја се неколкупати поевтини во споредба со земјите од Европа и светот. Тоа ги примамува бројните гости, покрај одмор, своето орално здравје да го доверат на македонските стоматолози. И не само тоа, добрите познавачи на оваа медицинска гранка велат дека странците ја избираат нашата земја и поради квалитетот на изработка на протези, порцелан, импланти и сл, кој е на високо ниво.

 |  Николоска Биљана  | 

Од година во година расте бројот на странците но и нашинци што работат во странство, кои својата стматолошка нега ја доверуваат во нашите Стоматолошки ординации. Еден од аспектите секако дека е финансискиот, но кога станува збор за техника, технологија и методологија, рамо до рамо се носиме со светските трендови, открива претседателот на Здружението на албанските стоматолози во Р. Македонија, Недим Касами. Тој вели дека во Македонија се внесува квалитетен и современ материјал кој се применува во стоматологијата.

„Материјалите се апсолутно исти, доаѓаат од познати компании од Германија итн. Но тие се многу доблесни и пазарната економија го прави своето. Тие цените ги приспособуваат кон нашата држава и ни продаваат квалитетни производи. Се разбира на пазарот не може фалсификат производи да произведуваат, посебно не една Германија која е гигант во стоматологијата“.

Касами го пофали и стоматолошкиот персонал во нашата земја. Тој убедува дека повеќето стоматолози својата струка ја испекле во врвните странски клиники и во последно време многу се малку оние кои се пожалиле на неквалитетна услуга.

„Нашите доктори се многу квалитетни добро се едуцирани, но мораме да одиме во странство за да ги примениме сите светски текови во стоматологијата, бидејќи колевката на науката се Швајцарија, Германија, Израел, сите светски научници се претежно евреи

Касами смета дека кај нас треба државата повеќе да работи на создавање услови за развој на организиран здравствен туризам, но секако дека прво државата мора да се погрижи за своите пациенти и нивните основни потреби. Според него здравствениот туризам треба да се сфати како квалитетна, а не само евтина услуга. Во моментов според Касами добро е што се развиваат приватните болници и на нив треба да се гледа како партнери.