Целосно изгоре автобус на преминот Стража
Педесетина патници од Србија останале без своите куфери откако вчера попладне, напатот Кичево Гостивар, на Стража изгоре нивниот автобус.
Педесетина патници од Србија останале без своите куфери откако вчера попладне, напатот Кичево Гостивар, на Стража изгоре нивниот автобус.
Пожарот започнал од моторот и го зафатил целиот автобус. Веднаш откако возачите забележале дека гори, смирено и брзо ги извадиле сите патници на безбедно. Огнот се проширил и го зафатил цел автобус. Во пожарот изгореле и куферите и документи на патниците.
За среќа, шоферите на време забележале дека нешто не е во ред со моторот и успеале да ги повикаат патниците да излезат. Ниту еден патник не бил повреден.
Во гасењето на пожарот интервенирала кичевската противпожарна бригада.