Пензионерите од Охрид и Дебрца повторно најуспешни на регионалните спортски натпревари
Пензионерите од Охрид и Дебрца повторно најуспешни на регионалните спортски натпревари.
63 -ца спортисти од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца во 11 дисциплини беа први во екипен пласман и поединечно на регионалниот натпревар во Дебар. 250 бодови или двојно повеќе охридските спортисти освоиле од второ пласираните колеги од Струга на спорстките натпревари на 4-от регион. Претседателот на Здружението, Ѓорѓи Трпчески кажува дека по 21 пат учествуваат на овие натпераври, а 5 пати со ред се најуспешно здружение.
„ Навистина е задоволство што оваа популација со елан се натпреварува. Трчаат и се натрпеваруваат во неколку спорстки диспциплини и ги искажуваат афинитетите кон спорстките дисциплини, “ истакна Трпчески.
Во екипна, машка и женска конкуренција пензионерите покажа најдобри резулати, истакна и секретарот на здружението Стефан Владимиров. Од регионалните натпревари во Дебар се вратија со освоени 16 први места во различни дисциплини, 16 дисциплини. Се очекува овие натпревариувачи да бидат најуспешни и на 21 Републички спортски игри.
„ Се постигнаа врвни резултати. Оваа популација се занимава со спорт во 3 доба и се труди да постигнува одлични резултати,“кажа Владимиров.
Радовиш за три месеци ќе биде градот домаќин на најуспшените спортисти од земјава. Спортистите од 8 региони ќе ги одмерат своите сили на 3 септември на Републичките пензионерски спортски игри.