Шефот на авиокомпанијата RyanAir, Michael O’Leary се изјаснил за аферата која изби поради специјалната понуда на авионски билети за британските државјани поради што компанијата е пријавена во полиција.
Имено, нискобуџетниот авиопревозник претстави посебна понуда пред референдумот за членство на Велика Британија во Европската унија под името “Дојдете дома и гласајте за останување”.
Тоа предизвикало гнев кај сите оние кои се за излегување од ЕУ и го пријавиле во полиција поради влијание на гласачите.
Michael O’Leary за CNBC изјавил дека понудата е наменета за сите Британци без разлика за што ќе гласаат или дали воопшто ќе гласаат. Тој додал дека посебната понуда требала да “покаже како кампањата за излегување од членството на ЕУ е всушност некомпетентна”.