Skip to main content

Охридските станоиздавачи уплатиле повисока туристичка такса во првите три месеци од годинава

Охридските  станоиздавачи уплатиле  повисока  туристичка такса во првите три месеци  од годинава.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Охридските станоиздавачи за три месеци уплатиле повисока туристичка такса од истиот перид  лани. За седум проценти е зголемена уплатата на туристичката такса, информираат од Тлер. Во првите три месеци во општинската каса се инкасирале   856.660, денари, вели Ѓоко Апостолов од Тлер.

ohrid„Ако се направи паралела на ноќевањата кои се реални, а треба да се уплатат добиваат 50 посто назад. Бројот на прикривањата за кои уплатиле  100 проценти од сумата на уплата  би дошла иста. Во првиот случај прикриваат и не работата законски со што гооштетуваат буџетото  и може да сносат санкцииа.  Во другиот случај  би уплатиле иста сума што ќе имаат реален приказ и ќе работат  законски без прикривање“, истакнува Апостолов.
]

Според Тлер тоа се должи на субвенцииите кои Локалната самоуправа им ги исплаќа на станоиздавачите. Апостолов од Тлердодава дека со мерката на субвенционирање која им се  дава на станоиздавачите  се стимулираат да не се прикриваат реалните бројки на ноќевања, вели Апостолов.

„ Ние за сметка на тоа  не бараме никакви реинвестирања. Затоа што претпоставуваме дека и самите станоиздавачи дел од приходите кој ќе го добиваат од работата и го реинвестираат во сместувачките капацитети. Тоа е доказ дека расте квалитетото  на сите сместувачки капацитети“, подвелекува Апостолов.

Во општинската каса минатата година се инкасирале 16 милиони  229.635, 00 денари по основ на туристичка такса.