Skip to main content

Охридските Титоисти со Марш на мирoт го одбележаа 25 мај Денот на младоста

Охридските  Титоисти со Марш на мирoт го одбележаа 25 мај Денот на младоста.

 |  Валентина Неловска  | 
titoisti

Со Марш на мирот охридските Титоисти го одбележаа  25 мај Денот на младоста. Преку овој настан се одбележа  датумот на раѓање на Јосип Броз Тито,  навршувањето на  124 години од  неговото раѓање и на историјатат од минатото на државата, истакна  Томчо Алексоски  секретар на здружението Титоисти.

tito

„Се наоѓаме на поранешниот кеј Маршал Тито. Од тука сакаме на помладата генерација да ја потесетиме дека ние името на Јосип Броз Тиот  не треба да го заборавиме.Тито е човекот за прв пат ја призна Макеоднија во рамките на СФРЈ со свој устав во рамките на федерацијата со јазик и име“, вели Алексоски.

Охридското здружение  Титоисти како невладина организација постои две години и функционира независно од Здружението Титови леви сили. Алексоски напоменува дека има интерес од помладите охриѓани за членство во нивната организација. Здруженеито брои околу 60 членови.


titoisti„Имаме подмладок во Управниот одбор и во членството, но работиме постепено не брзаме да направиме само формална бројка без резултати, додава Алексоски.

Титоистите маршираа од Кејот до нивната канцеларија до мостот, носејќи слики од поранешниот претседател Јосип Броз Тито,  обележја на  сегашната македонска држава и од некогашната СФРЈ.