Нова угостителска понуда бар и паб од познатиот охридски бренд ТИНО
Нова угостителска понуда бар и паб од познатиот охридски бренд ТИНО.
Со отварањето на “Tino’s pub & bar”, охридската ривиера доби нова угостителска понуда. Познатите содржини од овој бренд со долгогодишна угостителска традиција, како што се хотел “Тино“ на охридскиот кеј и спа центарот во населбата Свети Стефан, менаџментот реши да ги надополни со новоотворениот угостителски објект – паб и бар. “Наша идеја беше да понудиме нешто поразлично од тоа што до сега го нуди брендот „Тино“. Објектот ќе функционира во склоп на хотелот „Тино“ на охридскиот кеј и за нас лично претставува заокружување на една целина во угостителската понуда на нашиот бренд… ќе има добра програма, квалитетна храна и препознатлива услуга. Цените за домашните и странските гости ќе бидат значително пониски“ изјави Борис Маркулески, сопственик на “Tino’s pub & bar”.
“Tino’s pub & bar” ќе се разликува од своите конкурентни и по богатата забавна програма, посочува Маркулески.
„Наша идеја беше да се понуди нешто различно од досега. Планираме четири пати во неделата живи свирки….една вечер неделно е резервирана за стенд- ап комедија, забава за сите генерации“, додава Маркулески.
На свеченото отварање во Tino’s pub & bar”синоќа присуствуваа голем број гости, меѓу кои беа познати јавни личности од градот, сегашни и поранешни политичари, музичари, угостители.