Струга во сабота повторно излегува на протест
Оваа сабота 28,05 граѓанското здружение „Протестирам“ организира масовен протест во Струга. Протестниот марш, ќе започне од платоото Центар за култура „Б. Миладиновци“ Струга (кај киното), во 12 часот.

„Стружани да излеземе заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други.
Овој криминалот не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација, дојди и ПРОТЕСТИРАЈ против него како секој совесен граѓанин.Протестираме под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода. Граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов“, стои во нивниот соопштение објавено на социјалната мрежа „Facebook“.