Поради два костими без рекорд
Швеѓанката Тереса Алшамар во пливачкиот митинг во Сиднеј го урна светскиот рекорд на 50 метри пеперутка, но официјално истиот нема да биде признаен затоа што пливачката со себе имала облечено два костими за пливање.
Алшамар далечината ја помина со време од 25,44 секунди и за 2 стотинки беше подобра од сопствениот светски рекорд постигнат пред една година. Според најновите правила на ФИНА не постар од една недела пливачот не смее да носи повеќе од еден пар костими и под нив не смее да носи ништо друго.
Според овие правила Алшамар е дисквалификувана и нејзината жалба најверојатна ќе се одбие. Швеѓанката во последно време нема многу среќа со пливачките костими. Во Олимписките игри во Пекинг 2008 на истата пливачка во полуфиналната трка во 50 метри слободен стил и се искина костимот и остана без трофеј а сега остана и без светски рекорд.
{loadposition content9}