Skip to main content

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста

Втора дисеминациска сесија во Охрид посветена на мисијата на Црвениот Крст на Македонија, за мигрантската криза. Денес во просториите на општинскиот Црвен Крст охриѓани покажаа голем интерес да ја следат оваа сесија, која е во насока, сите општествено одговорни лица да помогнат во настојувањата на нашата земја да се справи со бегалската криза, нагласи Славица Илиќ, еден од 46те обучени дисеминатори.

 |  Николоска Биљана  | 

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста. Ова е мотото на мисијата на Црвен крст на РМ, која се однесува на мигрантската криза, кој е во тек во нашата земја. Славица Илиќ една од 46 те обучени дисеминатори која ја спроведува кампањата во нашата ОО на Црвен Крст за општините Охрид и Дебрца, истакна дека целта на мисијата е подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, како и тоа да дисеминираат околу 3000 лица на цела територија на РМ.

„Црвен Крст во таа смисла врши само хуманитарни интервенции и наша цел е да ги информираме граѓаните за реалните факти за се она што реално се случува со оглед на тоа дека на разни начини во медиумите често пати се пласирани и недоволно точни или непотполни информации. Би сакала и граѓаните на РМ, да се чуствуваат сигурно и да знаат дека Црвен Крст на РМ со останатите институции владини или не владини ги преземаат сите мерки за состојбата и да бидат задоволени сите хуманитарни потреби на мигрантите на најдобар можен начин“.

Републичкиот Црвен Крст од самиот почеток на мигрантскта криза пред две години, работи со 11 тима, односно 264 луѓе кои биле добро екипирани за терен, појаснува Илиќ. Таа додава дека досега и во двата центри во Гевгелија и на Табановце кои имаат капацитет за 2000 мигранти, ги опслужувале сите потреби од хуманитарен аспект на мигрантите.

„Во моментот со донесување на одлука на конференција за затворање на границата односно да се смени рутата на бегалците има помал број на мигранти во РМ, така што последна информација со која располагам е дека во Табановце има околу 200 лица а во Гевгелија околу 100. Потребно им е се, од укажување на прва помош, од облека, храна, хигиена до психо – социјална поддршка и се она што на луѓето им е потребно во таква тешка состојба“

Со оглед дека летото и онака е критичен период за ширење на разни видови заразни заболувања, Илиќ убедува дека не постои опасност од бегалците да дојде до било какво заболување. Додава дека нивната здравствената состојба се следела 24 часа во присуство на доктор и медицински персонал и се преземат сите потребни мерки.