ЕУ да се проширува без паузи
Европската унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен.
| Крсте Голабовски | Свет
Оли Рен
Европската унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен.
Тој ја искоментира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека на Европската унија и е потребна „фаза на консолидација” пред да прими нови земји членки.
Еврокомесарот оцени дека перспективата за членство во ЕУ придонела за политичка стабилност и реформа на стопанството на западен Балкан.
Поради тоа, Рен смета дека економската криза и напорите за ратификација на Лисабонскиот договор за институционални реформи во ЕУ не треба да им попречат на напорите на блокот за проширување.
„ЕУ може истовремено да се занимава со поголем број прашања”, рече Рен по средбата со шефовите на словенечката и хрватската дипломатија посветена на решавање на граничниот спор меѓу двете држави.

{loadposition content9}