Skip to main content

Охриѓани повеќе оствaруваат право на старосни, а помалку инвалидски и семејни пензии

Охриѓани повеќе оствaруваат право на старосни, а помалку инвалидски  и семејни пензии.

 |  Валентина Неловска  | 
пиом

Во 2015 година филијалата за пензиско и инвлaдиско осигурување во Охрид издале 1224 решенија за пензионирање. Во нив се вклучени и пензиските решенија за жителите од Дебар, информира Самет Рзивани раководител на филијалата на ПИО во Охрид. Во оваа бројка спаѓаат првите и повторните барања за остварување на право на пензија. Минатата година како први барања се издадени 573 старосни решенија , 55 инвалидски и 149 семејни пензии. За оваа година ракводителот Ризвани вели дека нема големи отстапувања на издадени решенија годинава во споредба со истиот период лани.

пио„ За разлика од 2015 во 2016 година заклучно со месец мај се донесени повеќе 30 решенија. Бројот на издадените решенија е идентичен секоја година па бројот е скоро ист. Ние, приближно носиме по 100 решенија месечно по различини основи за старосните, семејните и инвалидските пензии“, подвлекува Ризвани.   

Во однос на прашањето дали има голем расчекор помеѓу старосните пензии од една страна и семејните и инвалидските пензии од друга, Ризвани е дециден  повеќе граѓани на Охрид и Дебар оставруваат старосни пензии. ОД охридската филијала на ПИО се трудат што побрзо да ги изготват решенијата за пензија, напоменува Ризвани. Законскиот рок е 60 дена од датумот на поднесување, но овој рок скоро никогаш не се надминува, а во многу зависи од претходното регулирање на податоците за стажот на поединците,  тврди Ризвани.

„ Најдоцна две недели за тие што имаат чист стаж, а изготвувањето на решенеито оди и до 30 дена. Кај инвалидските пензиии е даден рок од 45 дена од денот на поднесеното барaње до денот на донeсување. Ние се трудиме максимално да одговориме . Но, не e една филијала туку 30 во Македонија, а во Пиом работи една Лекарска комисија со тројца доктори“, кажува  Ризавани.  
 
За оставрување на правото на сите  видови пензии е потребно лично доставување на податоците. За оствaрување на правото на  старосна пензија е потребен минимален стаж од 15 години, и старосната граница  за мажи е 64 и  за жени 62 години.