Skip to main content

Стејт департмент предупредува за можни терористички напади

Вашингтон посебно изразува грижа за Европското првенство во фудбал во Франција

 |  инфодеск  | 

Стејт департментот ги предупредува американските граѓани дека летово се можни териористички напади во Европа, а цели би можеле да бидат туристичките објекти.
Предпредувањето за опасноста при патувањето во Европа се однесува за периодот до 31 август.

Стејт департментот предупредува дека цел на терористички напади би можело да биде и Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, како и манифестацијата Светски денови на католичката младина што ќе се одржи во Полска од 26 до 31 јули.