Концерт на пијанистката Асами Сати
Јапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“.
| | Сцена & Муабети
Јапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“.
Концертот ќе се одржи во концертната сала на музичкото училиште „Методи Патче“ во 19 часот, а влезот ќе биде слободен.
На програмата ќе се изведат дела од Рахмањинов, Шопен, Дебиси и од јапонскиот композитор Сакура – Сакура. Гостин на концертот ќе биде Ема Потевска Попивода, со која ќе настапат со композиција од Дебиси за пијано – 4 раце.
Сате е светски позната пијанистка и музички продуцент, која живее и работи во Токио, Јапонија.