Skip to main content

Почина боксерската легенда Мохамед Али

Трикратниот светски првак во тешка категорија боледуваше од Паркинсонова болест

 |  инфодеск  | 

Мохамед Али, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, почина во болницата во Феникс, на 74 годишна возраст, каде ги помина последните два дена, изјавил за NBC портпаролот на фамилијата Bob Gunnell.

Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бореше со Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксот.

Болеста често се поврзуваше со трауми во главата, а состојбата на Али во последните години дополнително се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум.

Али во кариерата имаше вкупно 61 професионален меч. Од тоа победи во 56 настапи, а 37 беа со нокаут. Немаше ниту еден нерешен резултат, а забележа 5 порази.