Единаесет лица загинаа, а повеќемина се ранети во бомбашки напад во центарот на Истанбул, јавуваат турските медиуми.
Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж, во центарот на Истанбул во близина на автобуска станица во областа Везнечилер.
Мета на нападот бил полициски автобус, а голем број возила на итна медицинска помош се упатиле кон местото на експлозијата.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а неодамнешните напади во Турција ги изведоа припадници на Исламска држава, курдски екстремисти, како и припадници на радикалната левица.